Според истражувањето за состојбата на глобалниот дигитален пазар во третиот кваратал на 2018 година, спроведено од страна на организациите Kepios, Hootsuite и We Are Social, Република Македонија има околу 1,58 милиони интернет корисници, односно 76% од населнието користи интернет. Оваа бројка пораснала за 8%, односно 118 илјади корисници, во изминатата една и пол година (од јануари 2017).
Вкупно 1,40 милиони жители, или изразено во проценти – 67% од популацијата, се активни во користењето на интернетот преку некој мобилен уред.
Меѓутоа, најголем дел од вкупно остварениот интернет сообраќај во државата – 65%, бил реализиран преку лаптоп или десктоп компјутери. Преку мобилни телефони биле остварени 33% од вкупниот интернет сообраќај, додека пак преостанатите 2% отпаѓаат на таблети и други уреди.
Според податоци од Google, најпребаруваните 20 клучни зборови во Република Македонија на овој интернет пребарувач во 2017 година биле:
- YouTube
- Skopje
- Translate
- Rezultati
- Reklama5
- Google Translate
- FB
- Yahoo
- Time
- MP3
- You
- Vesti
- Pazar3
- Yahoo Mail
- Reklama
- Gmail
- Time.mk
Претходно на Маркетинг365 објавивме и кои се најпребаруваните клучни зборови на Google на глобално ниво (ЛИНК).