LinkedIn е специфична социјална мрежа каде што вашиот профил, всушност, претставува еден вид личен веб-сајт каде што се претставувате себеси во бизнис светот преку детали од кариерата. Во суштина, Вие всушност ги продавате своите услуги на работодавците преку вашата кариера, а со поседување на силен профил на LinkedIn, Вие имате добра база за да го поставите вашиот бизнис.
За жал, луѓето прават различни видови на грешки, а некои од нив вклучуваат:
- лоша слика / без слика
- премногу / премногу малку информации
- пишување во трето лице
- премногу субјективен текст
- слаба поврзаност со други корисници
Имено, постојат големи грешки кои ги прават оние кои бараат работа, кои J.T. O’Donnell, основач и директор на компанијата Work It Daily, веб-страница посветена на помагање на луѓето да ги решат нивните проблеми во кариерата, нè советува да не правиме. Можеби мислите дека е добра идеја да ставите на вашиот профил на LinkedIn дека активно барате работа, но всушност не треба да се прави тоа. Истражувањата покажуваат дека постојат неколку причини зошто ова е штетно за ефикасноста на вашиот профил. На пример, докажано е дека регрутите имаат сериозни предрасуди при вработувањето, бидејќи сакаат да ангажираат некој кој во моментов работи. Затоа, кога ќе ставите “активно барање работа” на вашиот профил, давате до знаење дека сте невработени, а регрутите тоа го толкуваат како очаен потег.
Се разбира, ова не значи дека не можете да им ставите до знаење на работодавците дека барате нови можности за работа на LinkedIn, само треба тоа да го направите на вистински начин. Постојат поставувања за приватност на LinkedIn, кои Ви овозможуваат тајно да прикажете на вашиот профил дека барате нова работа. Потоа, кога регрутерот бара некој со вашите вештини, Вашиот профил ќе се појави во резултатите од пребарувањето. Од 500 милиони корисници на LinkedIn, само 12 милиони ја имале активирано оваа опција на почетокот на 2018 година. Ова значи дека имате можност навистина да се издвоите, но без да изгледате очајно.
Најдобар начин да го оптимизирате вашиот профил на LinkedIn е да бидете сигурни дека сте ги додале сите клучни вештини по кои сакате да бидете пронајдени. На пример, ако сте во областа на маркетингот, треба да ги најдете сите вештини потребни за извршување на вашата работа и потрудете се да ги ставите во насловот, резимето, историјата на работата и деловите, за потврда на вашиот профил. Зошто? Алгоритмот за пребарување на LinkedIn е сличен на оној на Google. Ја разгледува релевантноста на вашиот профил врз основа на термините за пребарување. Значи, колку повеќе е оптимизиран вашиот профил со клучните зборови кои регрутерот ги користи за пронаоѓање кандидат, поверојатно е дека ќе се појавите во резултатите од пребарувањето.