Кога сте задолжени за односите со јавноста на една компанија или бренд, независно дали агенциски или in house, вие ја носите одговорноста за сликата што компанијата ја проектира пред публиката, купувачите, акционерите, властите итн…
За одлично да си ја завршите работата, секогаш треба да имате на ум што не би смееле да направите.
Добар ПР менаџер не ги зема медиумите здраво за готово. Искуството покажало дека вашиот клиент може да има извонреден производ или револуционерна идеја која ќе го промени начинот на живот на многумина, а сепак новинарите да не пишуваат за тоа. Градењето квалитетни односи со медиумите е долготраен процес во кој ви треба скромност, знаење и трпение. Квалитетниот однос подразбира репутација која овозможува објавување на приказната.
Репутацијата е нешто во што вреди да се инвестира долгорочно. Репутацијата на ПР менаџерот е онаа која им дава сигнал на новинарите дека приказната не е „празна“. Добар ПР менаџер никогаш нема да пушти приказна во медиумите без претходно добро разработена стратегија. Стратегијата ги содржи одговорите на клучните прашања: Која е пораката што ја испраќаме? Која ни е таргетираната публика? Како сакаме јавноста да ја перципира компанијата што ја застапуваме.
Новинарите секогаш се во потрага по добра приказна, но од друга страна пак добриот ПР менаџер знае дека треба да ги анимира со повремен бриф, кој има за цел да го одржува контактот со медиумите, но и да биде во радар на новинарите кои треба да се во тек со работата на компанијата и тогаш кога компанијата нема да објави ништо ново или спектакуларно.
Сепак одржување на континуиран контакт не значи дека треба да ги бомбардираме маил сандачињата на новинарите и медиумите со куп пораки. Добар ПР Менаџер знае кога е време за follow up и тоа во работно време и на службен маил или телефон не во секое време и не на секој начин. Контакт преку социјалните медиуми е ОК, но без претерување.
ПР менаџерот кој знае што прави и што сака да постигне никогаш не тргнува во комуникација неспремен. Истражете ги новинарите и медиумите, проверете какви теми покриваат, кој им е стилот на покривање на вести, како и уредувачката политика пред да им понудите приказна. Искористете го нејтивот како облик кој овозможува win-win. Приказната раскажана од новинарска/потрошувачка перспектива секогаш е повредна за публиката.
Одличен ПР менаџер знае дека речиси никогаш не е off record. Внимателно со изјавите, понекогаш настојувајќи да добиеме медиумско внимание може да кажеме и премногу.
Врвниот ПР менаџер знае дека ништо не може да и наштети повеќе на компанијата на клиентот како генералната перцепција дека се работи за бренд на кој не треба да му се верува. Затоа лагата никогаш не е опција. Ретко која компанија може да преживее откако ќе биде фатена во лага. Купувачите не простуваат измама, а еднаш нарушената репутација тешко се враќа.
На крај, секој менаџер за односи со јавноста инвестира во себе, во своето знаење и ги следи трендовите во индустријата со цел на клиентите да им понуди професионална услуга и врвно искуство. Правилата според кои се раководат одличните менаџери за односи со јавност, оваа есен, ги изучува во Скопје новата генерација на учесници на Лондонска школа за односи со јавноста која од 1992 година ги обучува најдобрите специјалисти за односи со јавноста во Европа и пошироко.