На панелот на огласувачи насловен “Како бираме маркетинг агенција“ кој се оддржа во склоп на BalCannes ревијата на Weekend Media Festival-от претставени се резултатите од истражувањето на HURA кое го изработи истражувачката куќа Ipsos врз 37 огласувачи клиенти на маркетинг агенции во Хрватска – во однос на ставовите на огласувачите за соработката со маркетинг агенциите во Хрватска.
Истражувањето покажа дека на Хрватските огласувачи при изборот на маркетинг агенција многу важни им се:
– квалитетот на работата на агенцијата,
– разбирањето на клиентот и неговиот пазар, како и
-квалитетот на креативните решенија
Како најважна карактеристика на агенцијата, огласувачите во најголем број истакнале дека тоа е квалитетот на предложените стратегии и знаењето и посветеноста на агенцискиот тим.
Истражувањето покажа дека мнозинството на клиенти на маркетинг агенциите, својата агенција ја перцепираат како важен партнер во развојот на сопствениот бизнис, како и дека огласувачите воглавно се задоволни со своите партнерски агенции.
Сепак според истражувањето, само четвртина од клиентите рекле дека агенцијата има значајна улога во формулирањето на маркетинг стратегијата, а покажа и дека клиентите недоволно ги вреднуваат наградите кои агенциите ги добиваат на разни фестивали.
Учесниците на панелот – Ева Алјанчич, директорка за маркетинг и продажба во Si.mobil (Словенија), Александар Познаниќ, директор за маркетинг во Јафа (Србија) и Лејла Даутович Чајич директорка за маркетинг на СПП пијалоци, Атлантик група (Хрватска) како и Дражен Николич, претседател на одборот на ACI-a, ги потврдија мнозинските ставови на огласувачите кои беа презентирани од истражувањето.
Како најважна карактеристика на агенциите го истакнаа разбирањето на брендот и правецот во кој компанијата сака да оди и се сложија дека агенциите имаат голема улога во постигнатите деловни резултати на огласувачите.
Панелистите, спротивно од резултатите од истражувањето, истакнаа дека наградите на креативните фестивали се особено важни и се еден од главните фактори во процесот на избор на маркетинг агенција.