Инвестиционата банка Piper Jaffray, направи истражување за очекувањата на Генерација Z и нивните најголеми желби за подароци по повод претстојните празници. Кога станува збор за материјалните работи, на првите три места се најдоа пари (14%), облека (13%) и автомобили (12%). Потоа следат телефони (9%), обувки, електонски уреди и компјутери (по 6%), како и видео игри и спортски реквизити. (по 4%).
За прв пат на листата топ 10 желби се појави и една наматеријална работа- патувањата (2%). Кога се во прашање брендовите, најголемиот дел од тинејџерите во САД сакаат нешто од брендот Apple (10.1%), додека уште само Nike ја надмина границата од 1 процент (1,1%).
Слушалките Apple AirPods имаат најголема “побарувачка“ кои тинејџерите ги сакаат се` повеќе од година во година, побарувачка за iPad таблети и MacBooks е стабилна, додека желбата за iPhone моделите и паметни часовници Apple Watch се намалува.
Интересно е што се`повеќе расте интересот за луксузни брендови кај младите. Дури еден процент од анкетираните тинејџери изразија желба да добијат нешто што спаѓа во оваа категорија, додека пред две години само 0,3 проценти го сакаа тоа.