Со сигурност можеме да кажеме дека 2020 година беше многу чудна: пандемија, карантин, економски и еколошки кризи… Поради оваа причина, агенциите BETC, BETC Fullsix и францускиот оператор Bouygues Telecom одлучија да ја завршат оваа година со малку радост и со Божиќен дух.
2020 година се претвори во онлајн – шопинг, училиште, бирократија, состаноци, а и Божиќ не е поинаков. Со цел да ги испочитуваат правилата за социјално диатанцирање од оваа година, францускиот оператор Bouygues Telecom го сподели најпопуларниот телефонски број на планетата: бројот на Дедо Мраз.
Откако преку апликацијата WhatsApp ќе испратите порака до Дедо Мраз на +33 6 44 63 59 22, тој одговара со видео порака директно од Лапонија. Секое видео е дизајнирано и развиено од агенцијата BETC во соработка со BETC Fullsix Studio и им овозможува на децата (но и на возрасните) да добијат персонализирано видео од Дедо Мраз, користејќи вештачка интелигенција, креативност, податоци и технологија. И малку Божиќен дух, се разбира!
Иновативните и креативните тимови на агенциите ги здружија силите за да споделат малку магија овој Божиќ. Пораките испратени од Дедо Мраз се обработуваат со технологија на претварање на текст во говор, кој потоа се генерира во mp3 формат благодарение на синтетички глас, дизајниран специјално за ова искуство. Конечно, целиот процес се анализира преку вештачка интелигенција за да се создаде навистина персонализирано видео со анимирана синхронизација на усните, а сето тоа овозможено од WhatsApp.
Целта на кампањата е да покаже малку оптимизам и среќа и покрај моменталната криза, исто како и надежта и верувањето на децата во Дедо Мраз. Француската верзија, # allôpapanoël е голем хит со повеќе од 1 милион персонализирани видеа за само 10 дена.