Пазар3 е најголемото место за огласување во државата, кое е посетено од повеќе од 70.000 корисници секој ден. Карактеристично за Пазар3 е тоа што покрај големиот број на огласи од физички лица, Пазар3 има и голем број на огласи објавени од страна на правни лица – компании од различни индустрии и области на работа. Имено, на Пазар3 се огласуваат повеќе од 3000 правни лица, и тоа компании кои продаваат автомобили, недвижности, земјоделски машини, електроника, облека, спортска опрема, компании кои вршат најразлични услуги, козметички студија, водоинсталатерски услуги, и многу други.
Во моментот на пишување на овој текст, на Пазар3.мк можат да се забележат активни повеќе од 520.000 огласи, што е навистина една неверојатно голема бројка. За многумина, Пазар3 претставува едноставен начин да се заработи преку продажба на работите кои веќе не се потребни, а за многу бизниси претставува главен медиум преку кој функционира нивната продажба.
Поради големиот број на огласи во повеќе категории и поткатегории достапни со голем број на клучни зборови од типот: “продажба на станови во градба, станови во градба Скопје, продажба на станови Скопје, се продава гарсоњера, продава стан карпош 4” за станови или поткатегорија Вили/Куќи со клучни зборови од типот: “плац за куќа, куќа” кои секојдневно се објавуваат на Пазар3, а и во случаи кога одреден огласувач сака да изврши најбрза продажба на огласуваниот производ или услуга, корисниците на Пазар3.мк имаат можност да ги истакнат своите огласи преку т.н. екстра опции за огласување. Екстра опциите на Пазар3 се достапни и за физичките лица и за компаниите т.е. продавниците на Пазар3.мк – Галерија, Прикажување на лого, Посебно означување, Топ позиционирање, Автоматско обновување и SMS нотификации.
Ексклузивно огласување се екстра опциите кои се достапни на Пазар3. Подолу ќе бидат претставени повеќе детали околу тоа што значи секоја екстра опција и како може да се активира.
Галерија
Екстра опцијата Галерија овозможува вашиот оглас да се прикажува во делот галерија кој се наоѓа на десната страна од резултатите од пребарувањето. Оваа екстра опција е идеална за оние огласувачи кои имаат направено навистина добри фотографии од својот производ, бидејќи прикажувањето на огласот од делот Галерија е лесно забележлив, а убавите фотографии со сигурност ќе го привлечат вниманието на многумина. На пример доколку огласувате автомобил audi a4, направете добри фотографии од надворешноста и внатрешноста на автомобилот audi a a4. Во Галеријата ротираат 3 случајно избрани огласи кои се поврзани со критериумот за пребарување.
Без разлика дали ќе ја активирате оваа екстра опција, од Пазар3 препорачуваат секој огласувач да се погрижи фотографиите кои се прикачени во склоп на огласот да биде со добар квалитет и детално да ја претставуваат состојбата на огласуваниот производ.
Прикажување на лого
Оваа екстра опција е достапна само за правните лица т.е. продавниците на Пазар3.мк. Одличен избор за бизнисите кои сакаат да ја зголемат свесноста за нивниот бренд, за новите бизниси кои сакаат да ги запознаат потенцијалните клиенти со нивниот бренд, но и за големите бизниси кои “секој ги знае” но сакаат да ги истакнат своите огласи пред останатите.
Секој оглас на кој има активирано екстра опција “Прикажување на лого” го содржи логото на правното лице во листата со огласи. Со тоа огласите со оваа екстра опција лесно се препознаваат и се истакнуваат во споредба со останатите.
Посебно означување
Доколку сакате Вашиот оглас да се истакнува од останатите во листата со огласи активирајте ја екстра опцијата Посебно означување. Со тоа Вашиот оглас ќе се прикажува со жолта позадина во резултатите од пребарувањето. Оваа екстра опција е одлична за сите оние кои сакаат побрзо да го продадат огласуваниот производ, или да најдат клиенти за огласуваната услуга. Физичките лица и компаниите можат да ја активираат оваа екстра опција.
Топ позиционирање
Доколку сакате вашиот оглас да биде меѓу првите во листата со огласи Пазар3 го препорачува активирањето на екстра опцијата Топ позиционирање. Три случајно избрани огласи се прикажуваат како топ позиционирани огласи на почетокот на секоја страна поврзана со критериумите од пребарувањето. Со оглед на големиот број на огласи кои што пристигнуваат секојдневно, оваа екстра опција ќе се погрижи вашиот оглас да биде најгоре на листата со огласи, а со тоа и значително позабележителен во спореба со останатите огласи.
Автоматско обновување
Автоматско обновување е друга екстра опција достапна за огласувачите на Пазар3.мк. Со активирање на оваа екстра опција огласoт автоматски ќе се обновува на секои 3 дена во период од 18 дена. Ова е една од најчесто употребуваните екстра опции достапни на Пазар3. Доколку продавате автомобили, како една од најпопуларните категории на сајтот, погрижете се оваа екстра опција да биде постојано активирана со цел вашиот оглас за продажба на audi a4 b8 да биде меѓу првите огласи.
СМС нотификации
Корисниците на Пазар3 имаат можност да комуницираат меѓусебно лесно и едноставно преку опцијата chat. Активирајте СМС нотификации доколку сакате секоја порака која што ќе Ви биде испратена за Вашиот оглас за продажба на audi a4 polovni automobili или друга категорија на производ или услуга, да ја добивате и преку СМС порака.
Ексклузивно огласување
Најповолна опција за истакнување на огласите претставува екстра опцијата ексклузивно огласување, бидејќи им овозможува на сите физички и правни лица да ги искористат предностите на сите екстра опции по пониска цена. Оваа екстра опција ги вклучува сите екстра опции, а со тоа бидете сигурни дека производот ќе го продадете во најскорен можен рок!
Како се активираат ектра опциите за огласување на Пазар3.мк?
За да активирате екстра опции на вашиот оглас, селектирајте го вашиот оглас, кликнете “измени+обнови” и изберете една од понудените екстра опции. Плаќањето за избраната услуга може да го извршите преку состојбата на Вашата сметка, преку платежна картичка или банкарска трансакција.
Уживајте во огласувањето на Пазар3.мк!