Интернет-претприемачот и сопственик на online џинот “Alibaba”, Џек Ма на едно свое гостување пред студенти и млади претприемачи сподели дел од своето искуство и повеќе совети како тој гледа на развојот на својата кариера и што мисли како еден човек треба да се развива професионално
„Еднаш во животот обидете се во нешто. Работете напорно за нешто. Обидете се да промените нешто. Ништо лошо не може да се случи“, вели Џек Ма.
„Кога имате 20 години, бидете добри студенти. Влезете во претприемништвото за да добиете малку искуство!“
„Пред 30-та година, следете некого. Одете во мала компанија. Обично, во големите компании е добро да се учат процесите. Вие сте дел од голема машина тогаш. Но кога одите во мала компанија, вие учите што е страст, учите да сонувате. Научете како да правите многу работи со времето. Пред 30 не се работи за тоа во која компанија ќе отидете, туку кој претпоставен следите. Тоа е многу важно. Добриот претпоставен ве учи различно.“
„Од 30 до 40 години мора да размислувате побистро кога работите за себе. Доколку навистина сакате да бидете претприемачи.“
„Од 40 до 50 години мора да ги работите сите работи во кои сте добри. Не обидувајте се да влегувате во нови области. Веќе е доцна. Можеби ќе бидете успешни, но процентот за умирање е премногу голем.“
„Но кога имате 50 до 60 години, работете за млади луѓе бидејќи младите може да го одработат тоа подобро од вас. Затоа оставете на нив и инвестирајте во нив.“
„Кога имате над 60 години, потрошете го времето на себе, на плажа. Уживајте.“
Погледнете го видеото
Извор: Факултети.мк