Некои корисници на Фејсбук забележаа овие денови дека постои мала промена во во начинот на реагирање на коментарите на оваа социјална мрежа.
Покрај вообичаениот “лајк” и реакциите што се кријат зад него (Wow, Haha, итн.), се појавувила и нова опција – оценување на коментарите со кликнување на стрелка нагоре или стрелка надолу.
Ваквиот систем со upvote/downvote стрелка или thumbs up/down оценување е познат и од Reddit.
Претходно оваа година Фејсбук ја испита употребата на таквиот начин на реагирање и рангирање на коментарите на помал број на корисници. Ова е најблиску до она што некои долго време го заговараат: опција “Dislike“, која би била спротивност на “Like“.
За разлика од таквата опција, која би била вклучена во реакциите на објавите и коментарите, стрелките за нагоре и надолу засега, во рамките на тестирањето, се дозволени само за коментари, но не и за обичните статуси и фотографии објавени на Фејсбук.
Фејсбук сеуште не објави дали овој начин на оценување наскоро ќе биде достапен кај сите корисници.