Овие 15 експерти ќе бидат мостот што ќе го поврзат натпреварот со натпреварувачите и со тоа ќе придонесат за негово континуирано усовршување во голем број теми.
Во пресрет на новата натпреварувачка сезона, составен е Стручниот совет на BalCannes – советодавно тело кое ќе дејствува во фазата на планирање и организација на натпреварот, а негова примарна задача е да учествува во континуираното усогласување на BalCannes со потребите на индустријата и пазарите на земјите-учеснички (Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија).
Составот на Стручниот совет на натпреварот ќе го формираат претставници на најдобро рангираните агенции во секоја земја-учесничка на BalCannes во тековната година. Во согласност со одличните резултати во 2024 година, таа е составена од следниве членови: Дуња Бибијанко (AV Studio, SLO), Наташа Бојаниќ (Leo Burnett Belgrade, SRB), Дарко Боснар (Imago Ogilvy, HR), Давор Брукета (Bruketa&Žinić&Grey, HR), Амна Џамбиќ Бранковиќ (Via Media, BIH), Бојан Кочовски (McCann Skopje, MKD), Ејуб Кучук (MITA group, BIH), Предраг Николовски (AdValue, MKD), Марко Пешиќ (Ovation BBDO, SRB), Сара Пренц (Studio Tumpić/Prenc, HR), Дејан Спиркоски (Saatchi&Saatchi Skopje, MKD), Гордан Турковиќ (CTA komunikacije, HR), Жарко Вељковиќ (Jazavac i Utorak, SRB), Марко Вичиќ (Futura DDB, SLO) и Дино Зупанчиќ (Agencija 101, SLO).
Членовите на Советот ќе учествуваат во дискусии на следните теми: групи и категории во рамките на натпреварот, жирирање, како и други активности поврзани со осмислувањето и спроведувањето на натпреварот. Беше одржан и првичен состанок на кој членовите на Организацискиот одбор презентираа преглед на минатогодишната сезона и плановите за следната година, а членовите на Стручниот совет дадоа свои вредни повратни информации, предлози и идеи за понатамошната работа на BalCannes.
„За нас BalCannes е пред сè можност за остварување нови деловни контакти и дури потоа е натпреварувачки настан. Во жирито членуваат некои од најважните клиенти од целиот регион, а често се случува некој наш проект да им го привлече вниманието, без разлика на конечниот исход на натпреварот. Затоа испраќаме и проекти кои не мора да спаѓаат во категоријата на типичен „фестивалски“ материјал, туку совршено ја покажуваат широчината и различноста на нашата стручност“ – вели Давор Брукета, член на Организацискиот одбор на натпреварот.
Да потсетиме, по прогласувањето на победникот на свечената сцена во Ровињ на Денови на комуникациите, следуваше и објавувањето на BalCannes Report. Вториот годишен извештај насловен „BALCANNES МОЗАИК НА КРЕАТИВНОСТ“ опфати серија регионални рангирања со податоци за најдобрите проекти, огласувачи и агенции во регионот, но и во рамки на земјите кои се натпреваруваат.
Повеќе информации за натпреварот – каде во новото издание повторно ќе може да се освои златна, сребрена или бронзена награда и да се покаже на регионот квалитетот на сопствените проекти – можете да најдете на следниот ЛИНК. Апликациите се отвораат наесен, а победниците ќе бидат објавени за време на Денови на комуникациите, кои ќе се одржат од 15 до 18 мај 2025 година.