Студентот по режија Еуџен Мерхер од Германија направи извонреден спот за брендот за спортска опрема “Adidas”, кој веќе е трендинг во целиот свет и веруваме дека ќе биде награден и од компанијата.
Видеото ја следи приказната за пензионираниот маратонец кој наоѓа стар пар на “Adidas” патики додека живее во старечки дом, кои му даваат мотивација да продолжи да трча.
Секој пат кога пробува да истрча надвор од установата, членовите на персоналот го запираат. Во еден момент, му ги конфискуваат и патиките. Но, мора да ја изгледате рекламата до крај…
Инаку, како што стигнуваат информации од светските медиуми, Мерхер ги контактирал “Adidas” во врска со рекламата, но официјално сѐ уште не добил никаков одговор дали истата ќе биде прифатена од команијата и официјално “преземена“.