Уште едно издание на Cannes Lions, интернационалниот фестивал на креативноста заврши овој викенд кога беа доделени финалните награди во четири категории: Film, Film Craft, Titanium и Integrated, заедно со останатите специјални награди.
И ова 63-то издание по ред, ќе биде запаметено како одлично, не само поради одличната организација, придружните забави, феноменалните гости предавачи, туку најмногу поради успехот на кампањата “Sea Hero Quest“ конципирана од тимот Saatchi&Saatchi Скопје реализирана во соработка со сестринските агенции од мрежата и неколку институти и истражувачки центри, која нанижа дури 8 кански лавови.
Последната наградна церемонија го донесе и името на бразилската агенција AlmapBBDO од Сао Пауло која беше прогласена за овогодишна Агенција на годината. Grey New York се пласираше како втора а третото место на подиумот му припадна на INGO од Стохлом.
За Независна агенција на годината беше прогласена Droga5 New York. Второто место го освои Jung von Matt а третото Wieden+Kennedy од Портланд.
Признанието Мрежа на годината го доби Ogilvy & Mather а Холдинг компанија на годината: WPP.
Во категоријата FILM, каде беа примени дури 2,801 пријава беа доделени 70 лава а Гранд При наградата ја освои проектот Shoplifters за Harvey Nichols реализирана од adam&eveDDB.
Во категоријата FILM CRAFT , беа доделени вкупно 71 лав, а Гранд При наградата замина кај кампањата Under Armour Phelps за огласувачот Under Armour реализирана од агенцијата, Droga5
https://www.youtube.com/watch?v=gGeRjcxHuBc
Во категоријата TITANIUM од 254 пријавени проекти, беа доделени вкупно 5 лавови, а Гранд При доби проектот #OptOutside на агенцијата Venables Bell & Partners.
Во категоријата INTEGRATED беа доделени 13 лавови а Гранд При наградата ја освои кампањата House of Cards FU 2016 на Нетфликс, реализирана од BBH New York. Да потсетиме, за потребите на серијата House of Cards беа креирани реални “изборни“ тв спотови на “кандидатот“ Френд Андервуд, отворени штабови, организирани настани итн…
https://www.youtube.com/watch?v=FKD-qhVd6iY
Сите Гранд При победници и наградени кампањи на Cannes Lions 2016 можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.