Како дел од својата кампања “Eat Fresh Refresh”, американскиот бренд за брза храна Subway започна да ги „презема“ рекламите на други локални и национални брендови за да ја дораскаже својата приказна.
Имено, според брендот, тие имаат толку многу да ви кажат за нивните нови производи што немаат доволно време за да го сторат тоа во сопствените реклами, па мора да им „навлегуваат“ во рекламниот простор на други вистински брендови (разбирливо, си плаќаат за тоа).
Така, гледаме спотови во кои првичната реклама на Subway нагло се прекинува, а продолжува реклама на друг бренд (за мебел, автомобили, адвокатска канцеларија), при што нивното заштитно лице продолжува да раскажува за новите производи на Subway.
Според компанијата, ваквиот стил на реклами ќе продолжи и во есенските месеци што следуваат.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DentsuMcgarrybowen.