За оние кои веќе мислат дека НБА играчите се богови, Најк постави кошаркарски обрач на врвот на планината Олимп, домот на древните грчки богови. Интересно е да се истакне дека токму името на брендот Најк потекнува од името на грчката божица на победата Ника.
Кампањата е направена во чест на најкорисниот играч во изминатата НБА сезона, гркот Јанис Адетокунбо, кој е воедно и првиот европјанин кој добива свои брендирани Најк патики. Тој потекнува од едно од најсиромашните предградија во Атина и со напорна работа, труд и желба, стигнува до врвот на НБА. Најк сакаше децата од целиот свет да бидат инспирирани од сознанието дека без разлика каде започнуваат, можат да стигнат секаде каде што сонуваат. На кош-таблата поставена на Олимп е испишано: „Судбината може да те постави на дното. Соновите може да те однесат до врвот.“
Позади кампањата стои креативната агенција Wieden & Kennedy од Амстердам. „Ние создадовме специјален кош за кој не моравме да копаме во планината или да направиме никаква штета. Ниту една света планина не беше повредена во правењето на кампањата,“ стои во соопштението на агенцијата.
Целиот настан беше снимен и споделен на социјалните мрежи.
Брендираните Најк патики во чест на Адетокунбо, наречени Air Zoom Freak 1, ќе се најдат во продажба низ САД од 10 јули.