Германската железница Deutsche Bahn ги искористи некои од најсликовитите германски локации кои неодоливо многу потсеќаат на познати светски туристички дестинации како би ги поттикнала германците своите одмори да ги поминат во својата татковина.
Според нивната статистика, 72% од германците секоја година на одмор заминува во странство. Компанијата со оваа кампања сака да потенцира дека и домашниот одмор би бил исто интересен како и патвањето надвор, а задоволен со тоа би бил и нивниот паричник :)
Во соработка со агенцијата Ogilvy Германија и порталот за фотографија Getty Images, германската железница користеше алгортми за пронаоѓање на сличности како би ги идентификувала германските локалитети кои наликуваат на култните меѓународни дестинации.
Со користење на Фејсбук податоци таргетирале лица кои сакаат да патуваат а кои се заинтересирани за некои дестинации на Инстаграм и Фејсбук. Заедно со користење на технологија за одредување на географските локации и Гугл барањата (google search) целната публика добиваше видео огласи со споредување на две преубави локации (едната во германија а другата во странство) и детален опис на цените кои би чинеле за патување од кај нив од најблискиот аеродром до дадената странска земја. Видео кампањата споредуваше илјадници ева за патувања до Венеција, Ванкувет или Токи со само 19 или 21 евро потребни за возење со воз до германските локации кои изгледаат исто.
Во текот на првите 13 дена од кампањата беа креирани 750 поединечни огласи.
Резултати: Според видео кампањата “Нема потреба за летање – Низ цел свет во Германија” стапката на конверзија беше 6,61% и предизвика зголемување на приходите на брендот од 24%.
Инстаграм-абилни одмори
Инстаграм и Фејсбук можат многу да влијаат на одлуката на младите, посебно кога станува збор за изборот на дестинациите за одмор.
Извештај од 2018 година за влијанието на социјалните мрежи врз туризмот кој го спровела лондонската компанија за размена на валути WeSwap покажал дека 37% од луѓето на старост од 18-34 години, одлуката за тоа каде ќе одат на одмор ја носат под влијание на социјалните мрежи. Тие најчесто се извор за инспирација за патниците, но и можност да го “наполните” својот профил со интересна содржина, што исто така влијае на самиот избор. Истата студија покажала дека 31% од испитаниците сметале дека сликите од одморот кои можат да се споделат на социјалните мрежи се подеднакво важни како и самиот одмор.