Не е поради некоја провокативна поза на Скарлет Јохансон, туку поради Кока-Кола и Пепси……официјално поради Пепси и политиката на Фокс за заштита на големите огласувачи од напади под појасот на нивните конкуренти.
Рекламите на SodaStream, еве веќе втора година не успеваат во оригинална замисла да се најдат на Супер Бол, најгледаниот светски спортски настан, откако и годинава нивната оригинална реклама беше одбиена од телевизијата Фокс.
Израелскиот производител на пијалоци, овојпат ја имаше ангажирано познатата глумица Скарлет Јохансон како главно лице во рекламата која официјално е одбиена поради завршните зборови на Скарлет : “Sorry, Coke and Pepsi“.
Од Кока-Кола веднаш излегоа со соопштение дека тие воопшто не извршиле притисок врз Фокс и дека ним воопшто не им смета рекламата, но од Фокс и Пепси одбија да го коментираат сето ова.
Ви минатото не беше непознато определени брендови (како на пр: GoDaddy ) , НАМЕРНО да пријавуваат реклами за кои однапред знаат дека ќе бидат одбиени за објавување, со цел да направат поголем buzz и што би се рекло бесплатно да се промовираат како “оштетена страна“. Дали и ова е некој ваков случај, ќе процениме сами.
Погледнете како изгледаше снимањето на рекламата на SodaStream:
ОБНОВЕНО 27.01.2014 / 23;00 h.
На YouTube се појави и банираната реклама :