Првпат во Србија, во супермаркетите „Макси” и продавниците „Шоп&го”, купувачите ќе имаат на располагање СИМ картичка за мобилен телефон, за која, при купувањето може да остварат дополнителен кредит.
“Мило ни е што сме прв малопродажен синџир што на купувачите им нуди можност, при секое купување да го добијат она што е најпотребно во современиот свет, а тоа е повеќе можност за разговори, праќање пораки и користење интернет. Овој тип понуди овозможува нова димензија во пазарењето”, изјави Мартина Петровиќ, менаџер за односи со јавноста на „Макси”.