Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) објави дека сите телевизиски и мултиплатфорни права за емитување во Европа за следните четири манифестации на Олимписките Игри во периодот од 2018-2024 се доделени на Дискавери Комуникејшнс, матичната компанија на Еуроспорт.
Со оваа објава започнува долгорочното партнерство меѓу најголемиот спортски настан, Олимписките Игри и водечката медиумска компанија, Дискавери комуникејшнс. Со просек од 10 канали на секој пазар и број еден европска онлајн понуда, Дискавери и Еуроспорт ќе постигнат најголема покриеност од било кога на над 700 милиони луѓе во Европа. Покриеноста преку Дискавери и Еуроспорт ќе биде зголемена со free-to-air пристап и иновативно партнерство со дистрибутерите и преносителите за да ги издигнат игрите до ниво каде никогаш порано не биле. Во свет во кој се бара гледаност “секогаш и во секое време”, олимписките игри се неспоредлив пренос во живо кој собира огромна публика и го зазема светското внимание на начин кој продолжува да биде вреден за маркетарите, дистрибутерите и љубителите на спортот.
Претседателот на ИОК Томас Бах изјави: “Ова е важен договор за Дискавери и ИОК, и ние сме возбудени што го имаме Еуроспорт, европскиот дом на олимписките спортови како партнер. Овој договор осигурува целосна покриеност на олимписките игри низ цела Европа, вклучувачќи ја и гаранцијата да обезбеди и free-to-air телевизиска покриеност на сите територии. Дискавери и Еуроспорт демонстрираа големи заложби за олимписките игри, олимписките спортови и идното олимписко движење. Приходот генериран од ова долгорочно партнерство ќе биде редистрибуирано од ИОК преку олимпиското движење за поддршка на развојот на спортот низ целиот свет. Дискавери и Еуроспорт со партнерството со ИОК имаат и една возбудлива обврска да развијат нов Олимписки канал за цела Европа. Пред сè, овој договор осигурува дека спортските фанови во Европа, ќе бидат во можност да уживаат во одлична покриеност на олимписките игри и олимписките спортови, за време ,пред и потоа игрите на платформа по нивен избор.”
Претседателот и главниот извршен директор на Дискавери комуникејшнс Дејвид Заслав додаде:
„Денес е историски ден откако ние со гордост ги додаваме олимписките прстени во портфолиото на Дискавери комуникејшнс. Долгорочната обврска со претседателот Бах и ИОК ја потврдува позицијата на Еуроспорт како лидер на спортовите за Европа, и значително ќе го зголеми присуството на Еуроспорт на сите платформи. Со долгата и горда традиција на Еуроспорт да пренесува многу зимски и летни спортови, додавањето на олимписките игри, најголемиот светски настан во живо, уреднички и стратешки совршено се вклопува. Но најмногу од се, ова ново партнерство е една возбудлива придобивка за европските спортски љубители бидејќи ќе пренесеме рекорден број на содржина преку различни платформи за да осигураме дека Олимпискиот оган ќе свети силно и во иднина.”
Дискавери ги доби ексклузивните права, проценети на 1,3 милијарди евра, за сите платформи за сите јазици во преку 50 земји и територии на европскиот континент. Во склад со ИОК и пазарот, Дискавери се обврза за пренос на минимум 200 часа за летните и 100 часа за зимските олимписки игри без дополнителни плаќања за време на игрите. Дискавери ќе сублиценцира и дел од правата на многу пазари низ цела Европа.
Дискавери веќе 30 години е светски лидер за дoкументарни содржини. Таа единствена позиција овозможува препознавање и пренос на извонредни случки и раскажува за личностите поврзани со олимписките игри, не само на секои две години, туку и секоја година во текот на целата. Ако се земе во предвид дека скоро половина од постојните програми на Еуроспорт е посветена на олимписките спортови, комбинацијата од големото наследство во зимските спортови, велосипедизмот,тенисот и атлетиката, а сега и олимписките игри, се овозможува ангажман на Дискавери и Еуроспорт за љубителите 365 дена во годината. Дискавери и Еуроспорт ќе имаат пристап до олимписките обележја како и до богатата олимписка архива и документиран видео материјал, за да ја зацврстат позицијата на Еуроспорт како дом на олимписките спортови. Партнерите исто се договорија за блиска соработка за основање на олимпискиот канал на ИОК, искористувајќи ја број еден спортската онлајн дестинација на Еуроспорт- eurosport.com – и водечката ОТТ услуга, Eurosport Player.
Договорот ги опфаќа XXIII зимски олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година и XXXII олимпијадата во Токио во 2020 година, како и олимписките игри во 2022 год. и 2024 год. , чии градови домаќини уште не се познати.
Дискавери и Еуроспорт можат да се пофалат со единствената способност која им овозможува пренос на олимписките игри на поголем број обожаватели на поголем број екрани од порано. Со просек од 10 ТВ канали на секој пазар, локалната инфраструктура, екипите на теренот во целиот регион и со 30 годишното наследство во развојот на големи приказни, Дискавери и Еуроспорт ќе го оживеат овој најголем спортски настан. Покрај free-to-air и платените телевизиски канали, Eurosport Player и еurosport.com ќе осигурува поголема медиумска покриеност и ќе пренесе неверојатни искуства на страстените љубители преку сите облици на екрани.
Дискавери ги стекна правата на сите подрачја во Европа, освен во Руската федерација. Териториите се: Албанија, Андора, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција**, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Косово, Латвија, Лихтенштајн, Летонија, Луксембург, Македонија, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија**, Ватикан
Извор: Екипа.мк