Weekend Media Festival и оваа година од 22. до 25. Септември во Ровињ ќе ги собере реномираните имиња од бизнис светот, меѓу кои ќе бидат и Швеѓаните Jarno Vahnatapio и Magnus Emilson, основачи на NA-KD.com, најбрзо растечкиот моден онлајн бренд. Страната NA-KD.com е покрената во 2015 година, а судејќи по досегашните резултати, веќе во првата година од своето работење нејзиниот промет ќе надмине 10 милиони евра. Понудата на NA-KD е составена од 113 брендови со преку 3.000 парчиња облека, а продадените артикли до сега се испорачани дури во 115 држави ширум светот.
NA-KD.com потекнува од модната онлајн трговија Nelly.com, која Jarno Vahnatapio ја покренал уште во 2003 година во Шведска, а од тогаш ја проширил низ цела Европска унија. Vahnatapio е основач и на ZooZoo.com кој се позиционира како втор најголем шветски добавувач на храна за домашни миленичиња. Денес, тој е најголем акционер на NA-KD.com со удел од 30%, додека вториот најголем удел од 15,5% припаѓа на Magnus Emilson, основач на Visit Technology групацијата. Emilson инвестира во различни компании со нова технологија, меѓу кои се и најуспешната туристичка платформа “Citybreak“, компанијата за performance marketing “Tradedoubler“, e-commerce платформата “Jetshop te Booktable“ и сервисот за резервации на маси во ресторани, кој во 2015 Michelin Guide го купи за 100 милиони евра.
Како што пренесуваат шведските медиуми, NA-KD.com неодамна доби нова инвестициска инекција од околу четири милиони евра, а како тоа ќе се одрази на понатамошното работење на оваа брзорастечка принова во модната индустрија ќе може да дознаат учесниците на Weekend Media Festival, најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа, кој се организира под генерално покровителство на Адрис групата.