Доделени наградите за најуспешните македонски е-трговци за 2021
Вчера, во хотелот „Мериот“ се одржа свечена манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година Ecommerce Awards, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири-комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата забавна програма составена од многубројни домашни актери и уметници.
– Вечерва е посебна вечер за македонската е-трговија! Вечерва ќе ги препознаеме трудот, успешната работа и напорите за успешно менаџирање на онлајн продажба на најдобрите во македонската е-трговија. Идејата за Ecommerce Awards постои уште откако постои Aсоцијацијата за е-трговија. Во првата анализа на е-трговијата во 2018 токму една од препораките беше организирање избор за најдобрите. Наградувањето и препознавањето е секогаш мотив за уште подобра работа. Не само што се стремиме да ги наградиме најдобрите за добрата работа, туку се стремиме и да ги поттикнеме другите да го унапредат своето работење и да ја подигнеме свеста за потенцијалот на е-трговијата – посочи претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска, во своето поздравно обраќање.
Инаку, натпреварот за првите награди за е-трговија Ecommerce Awards се организира во неколку фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Речиси 150 компании беа пријавени во 18 категории. Оние што ги исполнуваа условите беа ставени на гласање од јавноста и во текот на јануари и февруари над 5.000 гласачи го дадоа својот глас за своите омилени е-трговци. По гласањето од јавноста се формираа ранг-листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири-комисија која се состоеше од 11 члена. По обработката на гласовите од јавноста и стручната жири-комисија согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири-комисијата, беа формирани финалните ранг-листи кои ги одредија победниците.
На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: најдобри е-продавници по сектори, најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и шампиони во е-трговија, каде што се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.
Победниците се објавени утрово на страницата на Ecommerce Awards https://ecommerceawards.mk/pobednici/, а во продолжение ја проследуваме листата со победниците.
Победници во секцијата најдобри е-продавници по сектори се:
– Маркетплејс платформа на годината – grouper.mk
– Е-продавница за облека и обувки на годината – fashiongroup.com.mk
– Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
– Е-продавница за храна и пијалаци на годината – paket.mk
– Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
– Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината – mytime.mk
– Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – smartliving.mk
– E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
– Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – kliknijadi.mk
Добитници на награди во секцијата најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање се:
– Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – grouper.mk
– Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (прво место)
– Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (второ место)
– Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (трето место)
– Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (прво место)
– Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (второ место)
– Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – domato.mk (трето место)
– Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (прво место)
– Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (второ место)
– Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – neptun.mk (трето место)
– Најдобра веб-страница за плаќање на сметки – a1.mk
– Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – Агенција за катастар на недвижности
Добитници на награди во секцијата шампиони во е-трговија се:
– Најдобра новоотворена е-продавница – domato.mk (прво место)
– Најдобра новоотворена е-продавница – peko.com.mk (второ место)
– Најдобра новоотворена е-продавница – medicushelp.mk (трето место)
– Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (прво место)
– Најпопуларна е-продавница – paket.mk (второ место)
– Најпопуларна е-продавница – grouper.mk (трето место)
– Е-трговец на годината за 2021 година – grouper.mk (прво место)
– Е-трговец на годината за 2021 година – paket.mk (второ место)
– Е-трговец на годината за 2021 година – fashiongroup.com.mk (трето место)
Категоријата најпопуларна е-продавница беше единствената во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.
Првите македонски награди за е-трговија беа овозможени благодарение на поддршката од Mastercard како генерален партнер и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамките на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на германската Влада. Златен партнер на Ecommerce Awards беше Iute Credit Macedonia, додека Ramstore, Serafimov Group и NLB Banka беа сребрени партнери. А1 Macedonia беше комуникациски партнер на оваа иницијатива.
Наградите во е-трговија имаат цел да ги препознаат најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна, да придонесат и за зајакнување на конкурентноста и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.
Сите информации за натпреварот може да се погледнат на официјалната веб-страница: https://ecommerceawards.mk