Инспиративната историја на брендот Somersby, ја инспирираше креативната агенција McCann Сараево да ги трансформира плоштадите, парковите и шеталиштата, и да организира и осмисли повеќе пикници ширум Босна и Херцеговина.
Лордот како заштитно лица на Somersby, пјалокот идеален за летните денови и дружењето со пријателите, зад себе има приказна која раскажува дека на неговите забави на кои никој не можел да парира. Тој бил домаќин на најпознатите историски личности и со забавите кои ги организирал ги оставал без зборови. Бања Лука, Бијелина, Мостар, Неум, Тузла и на крајот Сараево беа дестинациите на лордот Samersby и на неговата интересна дружина. Девојќи и момци облечени како Jackie Kennedy, Marie Antoinette, Charlie Chaplin, Audrey Hepburn и Abraham Lincoln ги посетија овие градови и придружени со карактеристичен амбиент, реквизити и содржини го привлекоа вниманието на минувачите и станаа место за летно освежување, дружење со пријателите и одлични забави.
“Брендот Somersby нам како агенција ни дава прилика да ја покажеме нашата креативност во полн интензитет. Инспирацијата ја најдовме во ТВ рекламите за Somersby и посакавме барем за момент на нашите сограѓани да им ја пренесеме атмоферата од светот на Лордот. Не радува кога ќе направиме проект за кој сите имаат само пофални зборови“ – изјави Алис Бркиќ, Production Director во агенцијата “McCann Sarajevo“.
Во Сараево, како последна дестинација, Лордот Somerby на сите граѓани и посетители им понуди незаборавно искуство заедно со пораката “Зошто да заглавиме на обала, кога можеме да се забавуваме на мостот!“. Ајфеловиот мост на Скендерија за време на Сараево Филм Фестивалот доживеа трансформација и стана Lord Somersby’s Bridge, место за најдобрите забави во главниот град на БиХ. Секоја ноќ на мостот Lorda Somersby стана приказна и авантура сама за себе, па така една вечер посетителите уживаа во настапот на Сергеј Трифуновиќ а нарендната во перформанс со оган..па ориентален танц итн.. Влезот на тематските забави беше возможен само со покани кои интересната дружина ги делеше бесплатно во текот на попладнињата и тоа од олдтајмери, превозни средства кои доликуваат на еден лорд :)
“Идејата светот на Лордот Somorsby да го донесеме во парковите на нашите градови беше со еден збор уникатна. Покажавме дека Somersby е бренд со отворен дух, полн со оптимизам и забава, склон кон нови искуства, трендови и експерименти. Така и за самата завршница на овогодинешната Somersby промоција малку експериментиравме и препиремивме нешто сосема друго, забава на мост со разноврсна програма . Соработката со агенцијата McCann Сараево уште еднаш се покажа како успешна и резултираше со одлична реализација“ – рече Амела Ченгиќ, маркетинг менаџерка во компанијата Carlsberg БиХ.
Сите посетители на Sobersby светот имаа можност и да се маскираат и барем на кратко да станат некоја од историските личности, благодарение на костимите и аксесоарите кои за нив ги обезбеди Лордот Somersby.