По феноменалниот успех во 14 различни држави во Европа, Централна Азија, Блиски Исток и Северна Африка, Marketing Kingdom, еден од светските најголеми маркетинг настани, конечно доаѓа и во Македонија, на 30 Септември во Скопје.
Еднодневната маркетинг екстраваганција започнува со презентација за креирање иконична содржина од Ania Jakubowski, генерален менаџер за Полска и Балтичкиот регион во Coca-Cola. Регионалните маркетинг професионалци кои што ќе присуствуваат на настанот ќе бидат во можност да ја слушнат извонредната презентација на Heather Mitchell, глобален директор на социјални медиуми и односи со јавност во Unilever Hair Care, потоа Jesse Ringham, менаџер за дигитални комуникации во Tate Museum, Amy Gray, директор за туризам во Visit Britain и Jamal Al Mawed, регионален менаџер на комуникации во Блиски Исток, Централна Азија и Латинска Америка во Rolls Royce Motor Cars.
Marketing Kingdom Скопје ќе заврши со презентацијата за важноста од градење на цврста глобална репутација на Mary Jo Jacobi, поранешен потпретседател на комуницкации во BP America и Patrick Jephson најпродаван автор според New York Times и поранешен личен секретар на Принцезата Дајана.
Организиран од Пи Ворлд и прв пат одржан во Хрватска во 2011, денес Marketing Kingdom е еден од најбараните светски маркетинг настани. Конференцијата се одржува годишно во 14 различни држави, вклучувајќи ги Азербејџан, Катар, Турција, Грузија, Мароко, Либан, Египет и Јордан и претставува регуларен собир за највосхитуваните брендови во светот.
За повеќе информации за агендата и цените за Маркетинг Кингдом Скопје, Ве молиме посетете го следниов ЛИНК.