Mеѓународната PRO PR конференција е водечка конференција во областа на односите со јавноста во Југоисточна Европа
Од оваа година конференцијата е сертифицирана од Chartered Institute of Public Relations (CIPR), најстарата и најугледна светска организација за односи со јавноста, со што PRO PR конференцијата станува првата конференција во овој дел од Југоисточна Европа сертифицирана во рамки на програмата CIPR Chapter. CIPR е меѓународно здружение основано во 1948 година со седиште во Лондон.
На конференцијата ќе присуствуваат претседателката на CIPR, Фарзана Бадуел, како и Суџит Синг Гревал, директор за комерцијални операции и членство, кои дополнително ќе ја образложат одлуката за бодување врз основа на квалитетот на програмата.
На конференцијата, која ќе се одржи на 26, 27 и 28 март во хотелот Hilton Podgorica во Црна Гора, свои излагања ќе имаат вкупно 40 експерти за односи со јавноста и претставници на медиумите. Говорниците доаѓаат од регионот, но и од Германија, Италија, Турција, Франција, Ирска, Обединетото Кралство и Индија. Сето тоа е резултат на квалитетот на програмата што годинашната PRO PR конференција им ја нуди на своите учесници.
„Секоја година за мене претставува посебен предизвик програмски да осмислам содржина во која секој ќе може да пронајде нешто за себе. Годинашната PRO PR конференција, како и претходните години, ќе ги обедини лидерите на индустријата не само од регионот, туку и од целиот свет. Горд сум што доследно ја следам мисијата за поврзување на професијата односи со јавноста. Првата PRO PR конференција беше одржана во Херцег Нови во Црна Гора, а оваа година повторно се враќа, овојпат во Подгорица. Конференцијата е единствена можност за сите кои сакаат да ги препознаат потенцијалите за вмрежување и отворање нови деловни можности во областа на комуникацискиот менаџмент. Оние што го бараат тоа знаат дека PRO PR е вистинското место“, изјави основачот и претседател на организацискиот одбор на PRO PR конференцијата, Даниел Колетиќ.
Во рамки на конференцијата и оваа година ќе биде доделено признанието PRO PR Globe People Achievement Awards за вкупно 24 поединци.
















