Минатата година, швајцарски часовничкарски брендови Omega и Swatch предизвика возбуда кај ентузијастите и колекционерите со лансирањето на заедничка колекција часовници инспирирани од Месечината.
Сега, по повод Националниот ден на Швајцарија на 1 август, брендовите го продолжија своето партнерство и претставија нова и надградена верзија на моделот “Mission to Moonshine Gold MoonSwatch”.
Најновиот часовник од серијата MoonSwatch има дополнителна стрелка со изразит швајцарски дизајн, оддавајќи почит на наследството на двата бренда. Дизајнот црпи инспирација од традиционалните швајцарски фенери и гордо го прикажува знамето на земјата – бел крст на црвена позадина, славејќи ја прочуената часовничарска традиција на Швајцарија.
Остатокот од часовникот останува верен на своите претходници – новиот MoonSwatch има делови изработени од уникатниот биокерамички материјал на Swatch, елегантно црно-сиво куќиште и црно ременче со „лепенка“. На задната страна се наоѓа цитатот „Mission to the Moon“ („Мисија до Месечината“), како и илустрација на Месечината.
Покрај тоа, секој часовник доаѓа со сертификат кој потврдува дека бил изработен за време на полната месечина во јули.
Новиот MoonSwatch е веќе достапен за купување по цена од 300 американски долари.
Официјални застапници за производите на Swatch и Omega во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.
View this post on Instagram