Nikkei, еден од најголемите дневни весници во Јапонија, ги награди часовничарските брендови Swatch и OMEGA со „Големата награда за огласување на Nikkei“. Три глобални реклами, кои го најавија лансирањето на револуционерната колекција Bioceramic MoonSwatch, ја добија наклонетоста на жирито.
Според жирито, рекламите биле прекрасни и со висок квалитет. Тизер-рекламата, објавена од OMEGA и Swatch пред да го лансираат производот, станала топ тема на социјалните мрежи и најавила кампања која ја изразува суштината на деловното работење на компанијата. Дополително, овие реклами успешно прикажаа и предвидоа некои од промените што се случуваат во швајцарската индустрија за часовници.
Кампањата започнала на 17 март 2022 година, пред официјалното објавување на новите часовници. За да го привлечат вниманието на читателите, Swatch и OMEGA објавија мистериозна реклама на цела страница во речиси 40 од најголемите дневни весници во светот.
Рекламата на цела страница на OMEGA гласеше: „На 26 март, време е да го промените вашиот Swatch“, додека пак Swatch одговори на ова со сопствена реклама на цела страница, која гласеше: „На 26 март, време е да ја промените вашата OMEGA“.
Четири дена подоцна, на 21 март, двата бренда повторно се појавија во истите публикации, овој пат откривајќи уште едно мало навестување за нивната соработка. Логото на OMEGA X Swatch се појави за прв пат, заедно со датумот на претстојното лансирање. За да се укаже на дизајнот на часовникот, единаесетте небесни тела на Сончевиот систем – деветте планети, сонцето и месечината – исто така се појавија во нивните специфични бои во рамките на текстот.
Конечно, на 24 март, беше објавена трета реклама за официјално лансирање на единаесетте MoonSwatch часовници. Во исто време, беа отворени серија куфери изложени во повеќе бутици на Swatch и OMEGA за да се откријат новите иновативни модели.
Наградата доаѓа во време кога колекцијата Bioceramic MoonSwatch го продолжува својот феноменален успех. Седум месеци по неговото лансирање, сé уште може да се забележат долги редици во продавниците на Swatch ширум светот. Случајно, една од „тркалачките планети“ на MoonSwatch – Мисијата на Сонцето – моментално ги продава часовниците во Гинза, престижната шопинг улица во Токио. Позиционирана во центарот Nicolas G. Hayek, „тркалачката планета“ привлекува стотици секојдневни клиенти, сите желни да купат еден од моделите на колекцијата.
Наградата за огласување на Nikkei е водечка јапонска награда во адвертајзинг индустријата, спонзорирана од весникот Nikkei – најголемиот светски деловен дневен весник. Наградата се доделува секоја година, почнувајќи од далечната 1952 година.