Синапс Групација вработува дигитално емотивен графички дизајнер што ќе има за цел да го разубавува веб просторот на најдобрите домашни и странски брендови.
Од кандидатот се бара:
– Префинето чувство за естетика / вкус за визуелно допадливи веб решенија
– Чувство за комбинации на бои, уредување на бел простор, комбинирање на графички елементи, типографија
– Омилени веб страни кои го освоиле со визуелниот изглед
– Одлично владеење со Adobe Photoshop, Adobe Illustrator
– Познавање на HTML/CSS ќе се смета како предност
– Познавање на други алатки од Adobe пакетот ќе се сметаат за предност
Опис на работните задачи:
– Комплетна анализа и разработка на потребите на клиентот поврзани со графичките решенија
– Осмислување и креирање на wireframe за веб страни
– Осмислување на нови креативни решенија за веб медиуми
– Осмислување и креирање на продажни презентации
– Цртање на сториборди(storyboards) за анимации
– Консултации со технички и проектен тим
ЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
• Креативен
• Посветен на детали
• Одлични комуникациски вештини
• Вештини за креативно решавање на проблеми
• Страст кон добар дизајн
• Професионално активен во својата област на стручност
ПРОФЕСИОНАЛНИ ПОЗНАВАЊА
• Постојано следење на нови технологии и истражувања од областа на работата
• Поседување на извонредно портфолио
• Разбирање на техничка документација (wireframes, site maps итн)
• Солидна емаил коресподенција
• Одлично познавање на англиски јазик
Кандидатите треба да испратат CV и портфолио на jobs@synapse.com.mk
Со Почит,
Синапс Групација