Според истражувањето кое го направи најрелевантниот медиум за студенти во Македонија, Факултети.мк , после спроведената анкета врз речиси 3000 млади луѓе, телекомуникацискиот оператор T-Mobile е препознаен како најпосакувана дестинација за нивната кариера.
На прашањето “Дали би сакале да работите во приватна компанија или во државна администрација?“ , одговорите се поделени. Речиси половината од анкетираните, односно, 48% сакаат да работат во државна администрација, наспроти 52% кои сакаат да работат во приватни компании.
Во однос на изборот за вработување во приватните компании, на испитаниците им беше овозможено да избираат помеѓу 200-те најуспешни компании за 2012 година.
Целосната листа на топ 20 најпосакувани дестинации за вработување, можете да ја видите на следниов ЛИНК, а сега во продолжение топ 5 компаниите кои кај младите имаат развиено имиџ на најдобри работни средини:
1. T-Mobile одбран од 11% од испитаниците,
2. Алкалоид – 10%
3. T-home – 7%
4. Пивара Скопје – 5%
5. Мепсо – 5%
Анкетата е направена online и беше спроведена во период од две недели во месец Октомври 2013 год.