Најновата кампања за американскиот бренд на брза храна Taco Bell од агенцијата Deutsch се заснова на наклонувањето на главата т.е. „Tiltvertising“, како уникатно, но сепак универзално искуство при јадењето на тако – препознатлив потег што не го имаат многу видови храна. Потегот е брендиран како „Taco Tilt“ т.е. наклонување од 45 стапени, со кое може да се загризи совршениот залак.
„Ние тргнавме да создадеме кампања која не може да се игнорира и која се заснова на едноставен, но „движечки“ увид. Така што ги охрабруваме љубопитните гледачи да ја наклонат главата, можеме да им го претставиме искуството на Taco Bell на еден разигран начин“ – објаснува Ејми Елис Дурини, генерална маркетинг директорка на Taco Bell International.
Билборди со текст под агол од 45 степени на кои пишува „Ако ја наклонете главата за да го прочитате ова, веќе знаете како да јадете тако“ се појавија во поголемите градови низ Обиднетото Кралство, но исто така и во Босна и Херцеговина и Србија – промовирајќи го лансирањето на првите продавници во балканскиот регион со претставување на соодветниот „протокол“ за положба на главата на оние кои можеби сè уште не пробале тако.
„Излевањето на сосовите од вашето тако е релевантен проблем ширум светот затоа што се заснова на гравитацијата. Сакавме да ја искористиме таа универзална вистина за јадење тако: треба да ја накклонете главата, а не такото“ – посочува Мет Иан, ко-генерален креативен директор во Deutsch.
Кампањата започна на 1-ви ноември на пазарите во Обединетото Кралство, вклучувајќи ги градовите Лондон, Ливерпул, Лидс, Глазгов, Саутенд, Саутемптон, Ипсвич и Норвич, како и во државите Босна и Херцеговина (Сараево) и Србија.