Во февруари 2021 година, TAG Heuer и Porsche го склучија едно од најсилните партнерства некогаш видено помеѓу производител на автомобили и производител на часовници. По пет успешни часовници кои ги воодушевија обожавателите на двата брендови, тие сега ја претставуваат својата шеста креација: новиот TAG Heuer Carrera Chronograph x Porsche Orange Racing, модел кој ја отелотворува трајната страст за тркањето што ја споделуваат и двата брендови.
TAG Heuer и Porsche споделуваат богата историја, независен и моќен начин на размислување и посветеност на извонредноста на дизајнот. Околу 70 години, нивните патишта се среќаваат и се испреплетуваат на и надвор од тркачките патека. Цврстата и трајна врска помеѓу TAG Heuer и Porsche доаѓа главно од нивните заеднички корени во мотоспортот, а една од најочигледните заеднички нишки несомнено е самото име Carrera. Carrera Panamericana е легендарна трка, позната како една од најопасните во светот. Таа ги инспирираше и Porsche, кои ја освоија својата прва победа на трката Carrera Panamericana во 1954 година и го именуваа својот најмоќен модел во нејзина чест, но и Џек Хојер од TAG Heuer, кој решил да го именува својот нов хронограф од 1963 година откако претходно го слушнал многу евокативното име на трката од браќата Родригез во градот Себринг во 1962 година.
Оттогаш, Porsche 911 Carrera и TAG Heuer Carrera станаа икони, неодамна прославени во Париз по повод 50-годишнината од ласнирањето на Porsche 911 Carrera RS 2.7.
Откако веќе споделија неколку незаборавни достигнувања и гордоста на плодното партнерство, сосема е природно што двете страни решија да развијат ново специјално издание на TAG Heuer Carrera Chronograph како совршен симбол на нивното тркачко наследство.
Како симбол за брзина и трки, портокаловата боја што е содржана во името, го акцентира логото на Porsche врежано на прстенот, потоа лакот на круната и разни детали на бројчаникот, како и сошиените конци на црното кожно ремче.
Светлата боја создава одличен контраст со куќиштето од нерѓосувачки челик обработено со црн јаглероден премаз. Куќиштето со дијаметар од 44 mm е отпорно на вода до 100 метри, а може да се пофали со керамички прстен со тахиметар за мерење на растојанија.
Внатре се наоѓа автоматскиот механизам Caliber Heuer 02, кој се произведува во фабриката на TAG Heuer во швајцарското гратче Шеванез и се состои од 168 различни делови, нудејќи резерва на енергија од 80 часа.
Луксузниот часовник се продава по цена од 6.850 евра. Официјални застапници на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.