Со цел да ја прослави 60-годишнината од лансирањето на легендарниот часовник Carrera, швајцарскиот бренд на луксузни часовници TAG Heuer лансираше кратка акциона комедија во холивудски стил!
Во главните улоги на спотот се јавуваат познатата холивудска ѕвезда и амбасадорот на брендот Рајан Гослинг и американската комичарка и актерка Ванеса Баер. Акцијата во филмот се врти околу обидот на Баер да му го одземе саканиот TAG Heuer Carrera на Гослинг при снимањето на некој акционен филм. Следуваат повеќе хумористични интеракции, па и една „драматична“ бркотница. :)
Спотот е продуциран од 87North Productions на Дејвид Лајч, кои ги имаат работено на некои од најпрепознатливите акциони филмови во последната деценија, вклучувајќи ги John Wick и Deadpool 2. Режисер на спотот е Неш Еџертон, кој инаку ја има режирано филмската серија Mr Inbetween.
Како дел од прославата на 60-годишнината од лансирањето на Carrera, TAG Heuer организираше и гламурозен настан во Лондон на кој присуствуваа бројни светски ѕвезди и амбасадори на брендот, а кој имаше за цел да го глави животот на Џек Хоер – креаторот на часовникот Carrera и правнук на основачот на компанијата Едуард Хоер.