TAG Heuer, швајцарскиот луксузен производител на часовници познат по иновација, прецизност и високи перформанси, со гордост го најавува своето враќање како официјален мерач на времето на Њујоршкиот маратон (TCS New York City Marathon) – по претходни спонзорства, последното во 2016 година. Овој маратон, кој е дел од 60-годишната традиција на организирање трки на непрофитната организација New York Road Runners, се смета за највеличествениот ден во годината во Њујорк.
Низ текот на децениите, на маратонот учествувале олимпијци и параолимпијци, светски рекордери, маратонци-дебитанти и тркачи од целиот свет. Денес, со над 50.000 учесници, повеќе од два милиони навивачи и милионска публика пред екраните, маратонот симболизира истрајност, заедништво и верба дека секој еден е способен да постигне големи дела.
Како дел од партнерството, во текот на маратонската недела и на денот на самата трка, TAG Heuer ќе биде задолжен за официјалното одбројување на стартот, за поставување брендирани часовници кои ќе го мерат времето на трката – долж патеката и на водечките возила – како и обезбедувањето подароци за победниците на маратон.
Славејќи ја извонредноста, победниците во професионалните категории ќе добијат TAG Heuer Connected – паметен часовник кој ја спојува врвната спортска функционалност со луксузен дизајн. Приспособен за спортисти, овој модел нуди напредни метрики како GPS, мерење на пулс и проценка на VO2 max, внесувајќи швајцарска прецизност во секој чекор.
Партнерството дополнително го проширува глобалното присуство на TAG Heuer во спортовите на истрајноста, со спонзорство и на две дополнителни маратонски трки организирани од New York Road Runners – „United Airlines NYC Half“ и „Abbott Dash to the Finish Line 5K“.
Со наследство што ги вклучува мотоспортот, едрењето, триатлонот и сега маратонот во Њујорк, брендот продолжува да ги поддржува и елитните и рекреативните спортисти – оние што се стремат напред, ги надминуваат границите и го редефинираат човечкиот потенцијал.