Тајландската компанија за внатрешен дизајн SB Design Square, во соработка со агенцијата Y&R Thailand, лансираше смешна реклама инспирирана од филмот 50 Shades of Grey со цел промоција на својата услуга за производство на мебел по нарачка.
Рекламата почнува како рекреација на сцената во која главниот женски протагонист во филмот Анастасија Стил, во овој случај нејзина двојничка, влегува во отмениот апартман на Кристијан Греј, барајќи го својот љубовник. Но, после тоа се’ ќе тргне наопаку, за на крај да се открие дека тоа не е апартманот на Греј, туку стан на фамилијарниот господин Гај изработен по нарачка да изгледа како него. Погледнете: