Легендарниот голфер Тајгер Вудс соопшти дека го прекинува партнерството со брендот за спортска опрема Nike после 27 години.
Американскиот голфер ја носел опремата на компанијата уште од својата 20 година, кога за првпат почнал професионално да се занимава со спортот. Вудс го потпишал својот прв петгодишен договор со компанијата во 1996 година, вреден 40 милиони долари.
Неговиот последен договор со Nike беше склучен во 2013 година, во времетраење од 10 години и вреден 200 милиони долари.
Разделбата на Вудс со Nike беше објавена само неколку дена откако уште еден поранешен голферски шампион, Џејсон Деј, исто така ја го прекина партнерството со Nike и објави дека потпишува со компанијата Malbon.