Овај ланец на ресторани за брза храна на Твитер следи точно 11 личности, петте членови на групата Spice Girls, и шест лица кои се викаат Herb
Доколку го проверите профилот на KFC на Твитер, ќе видите дека овај ланец следи шест мажи со име Herb, и пет жени кои ја сочинуваа групата Spice Girls. За тоа кого следи некој бренд на Твитер обично не е вредно да се направи вест, но овај ланец на ресторани за брза храна кој е познат по својот рецепт за пржено пилешко јадење со 11 билки и зачини (на англиски herbs and spices), најде забавен и малку чуден начин да го направи тоа вредно за внимание.
Корисникот на Твитер @edgette22 забалежа што се случува со Твитерот на KFC, а неговиот твит набрзо стана вирален.
.@KFC follows 11 people.
Those 11 people? 5 Spice Girls and 6 guys named Herb.
11 Herbs & Spices. I need time to process this.
— 🅴🅳🅶🅴 (@edgette22) October 19, 2017
Се испостави дека тоа е токму она што KFC и нивната креативна агенција Wieden + Kennedy се надеваа дека ќе се случи.
„Го поставивме ова на Твитер пред повеќе од еден месец“, изјави Фреди Пауел, креативен директор во Wieden + Kennedy. „Искрено, не бевме сигурни дали некој ќе го пронајде. Понекогаш едноставно морате да ги фрлите работите во универзумот и да се надевате дека интернетот ќе ја направи својата магија.“
Во моментот кога го читате ова, овај твит веќе има преку 300,000 ретвитови и 700,000 допаѓања.
Изјавата од KFC по овај повод е малку поразиграна од онаа на креативната агенција: „Нашата визба се чистеше, па мислев дека е најдобро да го скријам тајниот рецепт на Твитер,“ изјави Бентли МекБентсон, менаџер за дигитален маркетинг за KFC US. „Мислев дека никој не гледа кого следиме. Многу се зафркнав.Направив огромна грешка.“