Фриленсерите и креаторите на дигитална содржина добиваат своја инспирација во најновата епизода на „Фриленсерска Дружба“, каде гостува еден од најпознатите македонски креатори на видео содржина – Томислав Стаменковски Тофиловски.
Томислав, човекот зад некои од највиралните видеа на Instagram, во оваа епизода споделува како се создава успешен дигитален бренд, кои се триковите за освојување на Instagram алгоритамот и како се гради кариера преку контент креирање. Од легендарните „Џимиринки“, преку музички спотови со најголемите балкански ѕвезди, до денес – кога неговите видеа освојуваат милионски прегледи.
Што ќе дознаете во оваа епизода?
- Како да го совладате Instagram алгоритамот и да направите вирално видео?
- Што се крие зад најуспешните бренд соработки?
- Како изгледа патот од први клиенти до градење на стабилна кариера како контент креатор?
- И, конечно – што навистина се случува помеѓу Томски и Симеона?
Ако некогаш сте се запрашале дали може да се живее само од социјални мрежи во Македонија, оваа епизода ќе ви ги даде сите одговори! Гледајте ја сега на линкот!
„Фриленсерска Дружба“ продолжува да ги инспирира и поддржува сите што сакаат да ја изградат својата кариера како независни професионалци. Не пропуштајте ги идните епизоди и останете во тек со најновите трендови во дигиталниот свет!