Во пресрет на популарниот “Black Friday” („Црн петок“) на 25 номври, кој што се карактеризира со големи попусти за потрошувачите, онлајн платформата за трговија Amazon објави нова реклама за британскиот пазар во која се појавува разиграно Јети.
Рекламата насловена “Подгответе се за неделата на Црниот петок” е визуелно спротивна на придавката со која се означува денот, прикажувајќи го белото митско суштество Јети во снежениот амбиент на обелена шума.
Суштеството носи пакет од Amazon кога забележува дека некој го снима, па почнува да танцува и гордо да го покажува својот пакет – веројатно задоволно од големите попусти на платформата.