SunWireless во Македонија е присутен со повеќе од 550 хотзони меѓу кои неколку екстра атрактивни локации како Аеродромите на ТАВ во Скопје и Охрид, дел од најпознатите хотели во Републиката, сите студентски домови, арената “Борис Трајковски“, Аква Паркот, Автобусите на ЈСП, Автобуската станица, најпознатите кафичи и ресторани, главните улици и плоштадите во 17 поголеми градови низ Македонија. (листа на сите хотспотови тука).
На сите овие локации, посетителите кои сурфаат преку SunWireless (месечно бројот на уреди кои се прикачуваат на SunWireless Wi-Fi мрежата е од 450.000 до 500.000) најпрво ја добиваат логин страната на SunWireless на која преку Advertising сервисот е овозможено огласување за сите брендови и компании кои сакаат да таргетираат определена специфична публика преку повеќе различни методи.
Вашиот оглас на SunWireless Hotzone логин страната може да биде таргетиран според неколку параметри:
- десктоп или мобилна верзија
таргетирање врз база на уредот со којшто корисниците се поврзуваат на интернет - локација
таргетирање врз база на локацијата на којашто се наоѓаат корисниците – на било која локација во нашата мрежа - јазик
таргетирање врз база на јазикот на којшто корисниците ја користат логин страната
Овие можности Ви даваат слобода точно да ја изберете Вашата целна група и директно да ја таргетирате со Вашиот оглас – за разлика од стандардното online огласување.
Пример: Доколку сакате да таргетирате бизнис корисници – можете да се огласувате на хотспотовите како “Бизнис салон на Аеродроми на ТАВ“ и/или во Хотел “Александар Палас“.
Пример: Доколку сакате да таргетирате студенти или млади – можете да се огласувате на хотспотовите “Студентски домови“, “Центар на Скопје, ул. “Македонија“ и “Кеј“ итн.
Исто така можете да таргетирате и по определени градови, села, или населби.
Освем стандардното огласување преку банери, на SunWireless advertising сервисот е овозможено и огласување преку full branding на логин страната, реклами во меѓустрана или целосно “спонзориран хотспот“ кога брендот спонзорира FREE интернет за сите оние кои ќе ја погледнат рекламата (може да биде и во видео формат) на компанијата.
Секоја кампања се прави по закуп на импресии за определена хотзона (локација) со определен буџет за кој одлучува огласувачот.
Овој сервис за прв пат во Македонија овозможува спроведување на масовни кампањи на мобилен маркетинг и е вистински начин за диверзификација на огласувачките канали на маркетинг агенциите и компаниите и секако внесување доза на иновативност за сите нови кампањи.