Home » Во фокусот » Татковци во улога на дигитални асистенти во новата реклама на Gillette за денот на татковците

Татковци во улога на дигитални асистенти во новата реклама на Gillette за денот на татковците

Минатата година идејата на Gillette за денот на татковците, беше да го ‘’узурпира’’ веб пребарувањето со цел татковците на своите синови да им дадат персонализирани одговори на прашањата кои тие ги пребаруваат онлајн. Во 2017 година, со зголемувањето на популарноста на вештачката интелигенција како и развојот на дигиталните асистенти како Alexa за брендот Amazon, Gillette и агенцијата Grey New York, визијата за овогодинешната кампања ја донесоа заеднички чекор напред.

Во спотот за ‘’Денот на татковците 2017’’  неколку млади момчиња испробуваат нова неименувана апликација за совети за состаноци, врзување на вратоврски и секако бричење. Без да знаат во исто време нивните татковци ја преземаат улогата на апликацијата (гласот на апликацијата зад сцената). Реакциите на синовите кога им се открива кој стоел зад советите се навистина прекрасни, полни со изненадување и сосема природни и автентични.

Gillette исто кажува дека 84% од мажите од нивно истражување изјавиле дека информациите кои им се потребни во нивното секојдневие ги црпат од своите телефони.

Кампањата воедно рефлектира и тренд кој ја нагласува и човечката интеракција со дигиталната технологија како и примерот на JetBlue кој направи интерактивен билборд во New York минатото лето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365