Јужнокорејскиот производител на автомобили Kia Motors лансираше нова пан-европска кампања со цел промоција на своите нови електрични автомобили.
Кампањата од една страна ја критикува денешната технологијата која нé држи „закочени“ во едно место, како паметни телефони, телевизори и справи за вежбање во затворен простор.
„Кога погодноста го надмина искуството? Кога почнавме да ги гледаме туѓите приказни, наместо да ги создаваме нашите? Кога стаклена кутија стана подобра од воздухот на отворено? Кога се задоволивме со технологија која нé држи застанати во место?“ – се дел од прашањата кои ги поставува Kia.
Но, од другата страна, во контраст на сето она кажано претходно, Kia нуди алтернатива: „Технологија која ве движи“ – во форма на електрични автомобили кои нудат динамика, икуство и слобода.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Innocean Berlin и продукциското студио Tony Petersen Film.