Британскиот ланец на маркети за технологија и електрични уреди Currys PC World во својата нова Божиќна реклама „The Magic of Christmas Upgraded“, вметна дел од модерните производи кои ги продава во традиционална Викторијанска околина.
Рекламата забавно ги спојува старото и новото, при што гледаме раскошно облечен домаќин на забава кој од Google Home бара да пушти некоја добра музика, детски хор кој пее Божиќни песни од Microsoft Surface Pro таблети наместо од нотни листови, продавач на печени костени кој користи модерна парна печка од AEG, машка публика во локален паб која гледа фудбалски натпревар (во стил на 19-век) на широк LG телевизор, како и жена која ги преспива сите празнични манифестации со употребата на слушалки за тишина од Bose.
Идејата за рекламата е дело на агенцијата AMV BBDO, додека пак нејзин режисер е Андреас Нилсон од продукциската куќа Biscuit.