Магазинот TIME ја именуваше американската поп-пејачка Тејлор Свифт како „Личност на годината“ за 2023 година. Изборот на поп-иконата означува револуционерен момент во историјата на магазинот, бидејќи таа претставува првата личност што ја добила оваа чест исклучиво поради својот придонесот како забавувач, нагласувајќи го нејзиното длабоко влијание врз глобалната култура.
Декемврискиот број на магазинот ќе биде достапен со три различни насловни фотографии, секоја од нив одразувајќи аспект од личноста на Тејлор Свифт. Автори на илустрациите се фотографскиот двоец Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин, кои што и претходно имаат соработувано со Свифт.
Американската пејачка во моментов ја реализира својата најголема светска турнеја, позната како „The Eras Tour“, која што беше проследена и со објавувањето на документарен концертен филм што се прикажуваше во кино-салите ширум светот. Резултатот беше концертен филм со најголема заработка во историјата.
Истовремено, Тејлор Свифт беше и најслушаниот артист во 2023 година според стриминг платформата Spotify. Таа во моментов работи на проект за повторно снимање на сите свои претходно издадени песни, со цел зацврстување на авторските права и сопственоста врз тие песни.
Сторијата на магазинот TIME со Личноста на 2023 година може во целост да се прочита на следниот линк.