Апликацијата Телеграм доби повеќе од 70 милиони нови корисници во понеделникот благодарение на шестчасовната блокада на Фејсбук и услугите за пораки, како што се WhatsApp, Instagram и Messenger, објави нејзиниот основач Павел Дуров.
Фејсбук ја припишува блокадата на „погрешна промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди нивни корисници да пристапат до WhatsApp, Instagram и Messenger. Проблемот предизвика глобален пад на системот кој траеше повеќе од шест часа, што го прави најголем проблем од ваков вид до сега.
„Дневната стапка на раст на Телеграма ги надмина сите очекувања. „Ги пречекавме бегалците од други платформи, повеќе од 70 милиони за еден ден“, напиша Дуров на својот канал на Телеграм.
Тој додаде дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале мали потешкотии бидејќи милиони луѓе се приклучиле кон Телеграм, апликација за текстуални и мултимедијални пораки на уреди со Android, iOS и Windows, но услугата вообичаено добро функционирала за повеќето корисници.
Русија соопшти дека овој инцидент покажал дека Москва била во право кога развила сопствени интернет платформи, како и социјални мрежи.