Телекомуникациската компанија Telenor, почнувајќи од март, на пазарите во Србија, Бугарија и Унгарија ќе продолжи да работи под името Yettel.
Промената на брендот ќе се случи во тие три држави каде чешката финансиска и инвестициска групација PPF го користи брендот Telenor. Транзицискиот период започнува сега и ќе трае до март, при што корисниците нема да морат да направат ништо.
Според Марек Слачик, генерален извршен тиректор на TMT CEE PPF Telecom Group за регионот, со ова почнува „ново поглавје за компанијата во Србија, Унгарија и Бугарија“, додавајќи дека таа има веќе цврста и силна основа создадена под брендот Telenor кој ќе продолжи да се надоградува со добар однос кон потрошувачите и со создавањето на дополнителна вредност под новиот бренд Yettel.