На 23-тата седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која беше оддржана на ден 24.12.2014 година беа донесени две одлуки за доделување на дозвола за телевизиско емитување на регионално ниво.
Со статусот регионални телевизии се стекнаа ТВ Тера, која својот програмски сервис ќе може да го емитува на подрачјето кое ги опфаќа општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кичево, Осломеј, Зајас, Врапчишта, Пласница, Долнени, Кривогаштани, Могија и Новаци и телевизијата ТВ М која ќе се емитува на подрачјето на Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца и Другово.