После подолга пауза поради пандемијата, Британците во понеделникот ја добија назад својата омилена занимација – пабовите!
По тој повод, ланецот на супер маркети Tesco се одлучи да го искористи својот огласувачки простор за да ги повика луѓето да ги посетат локалните пабови наместо нивните маркети.
Се работи за едноставен постер го прикажува чаша пиво на пела позадина, врз која со сини букви е испишан текст, додека пак најдолу стои црвено-синото лого на Tesco.
„Навратете до вашиот локал ако сте во можност. На пабовите навистина им беше тешко низ годината. Затоа, барем еднаш, наместо да ви кажуваме за нашите фантастични понуди, го користиме овој простор за да побараме од вас да ги посетите нив (доколку се чувствувате безбедни да го сторите тоа). Затоа што во моментов, секое малку помага,“ стои на постерот на Tesco.
Рекламата се најде во националните весници и на дигиталните outdoor билборди низ државата, како и на социјалните медиуми.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH London, додека пак медискиот закуп беше задача на MediaCom.