Церемонијата на доделувањето на Епика наградите оваа година ќе се одржи на 9 декември, а периодот за рани пријави ќе биде отворен од 1 јули до 1 септември.
Следното издание на Епика наградите ќе биде посветено на вештачката интелигенција и затоа ќе им се придружи нова категорија – Креативна употреба на вештачката интелигенција.
Уредникот на Epica Awards, Марк Тунгејт, во оваа прилика рече: „Никогаш не воведуваме нови категории само за да ги воведеме, туку сакаме да се развиваме со текот на времето. Забележавме дека многу агенции експериментираат со вештачката интелигенција како средство за јакнење или дополнување на креативноста. Новинарите од нашето жири сакаат да ги видат проектите што произлегуваат од ова ново поле на делување“.
Епика исто така ги спои B2B Direct и Consumer Direct во една категорија на директен маркетинг. Категоријата од минатата година „Ковид 19 Комуникации“ останува во сила – се надеваме за последен пат.
Историски гледано, наградите Епика прифаќаат само кампањи од претходната година, но, со оглед на тоа што поради различни ограничувања поврзани со пандемијата, многу проекти не можеа да бидат презентирани пред жирито во 2020 година, овој пат на натпреварувањето ќе бидат земени предвид решенијата развиени во последните две години.
Прерано е да се каже дали церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи повторно онлајн (што според организаторите, се чини веројатно во овој момент), во живо или како комбинација од двете опции.