Уникатниот спој на реално шоу и акцелераторска програма The Founder Games ве кани „позади сцената“ на нетворкинг настан за време на снимањетo закажано за следната недела на 8, 9 и 10 април 2025 во Скопје.
Снимањето ќе се случи во CoWork 21 (TV21 позади Собрание), од 17:30 до 19:30 часот, означувајќи го местото каде што ќе се соберат најкомпетентните стартапи од Југоисточна Европа за да ги надминат сите предизвици и да се стекнат со нова инвестиција и билет за Силиконската Долина – епицентарот на иновацијата.
„Креиран под името Startups Meet Suits, целта на овој настан е да ги спои најуспешните претприемачи со професионалци од успешни компании во нашата земја. Нашите учесници работат на револуционерни идеи, но вие, корпорациите, ги имате ресурсите и професионалната мрежа што ќе им помогне да се доближат еден чекор до поголем успех на овие иноватори. Настанот е многу повеќе од нетворкинг – ве покануваме да бидете дел од настан каде што се создаваат партнерства, се развиваат продуктивни дискусии и станувате дел од екосистемот што ја движи иднината на секој бизнис“ – стои во поканата на организаторите.
Првото издание на ‘Startups Meets Suits’ доведе до значајни соработки и над 30 гости-компании, вклучувајќи ги Halkbank AD Skopje, Алкалоид, Бизнис мрежа, Brainster, Leoron Institute, Реплек, KБ Прво Пензиско Друштво и многу други кои заминаа со нови бизнис погледи на иновацискиот екосистем, а претприемачите на The Founder Games запечатија нови бизнис можности.
Доколку сакате да бидете дел од настанот, треба да ја пополните формата за регистрација на овој линк и да дадете свој придонес во втората, овој пат регионална, сезона на The Founder Games.
Сите останати прашања во врска со настанот или можностите за соработка, можете да ги испратите на електронската пошта: play@foundergames.com