Guardian се пронајде помеѓу првите издавачи на Обединетото Кралство кои се приклучија на Amazon Echo, кој дебитираше на Велика Британија минатата среда.
Echo гласовно- контролираниот звучник на Amazon им овозможува на луѓето пристап до најразлични информации, музика, дури и шеги. Guardian ги направи неговите објави, вести, мислења на читателите и критика достапни за секого. Echo корисниците можат да добијат наслови или вести на одредени теми од интерс на Guardian, како спорт или вести за изборите во САД, или пак Brexit вести. Гласовниот асистент на Amazon –Аlexa кој е сличен на Siri на Apple, при пребарувањето одговора со првите три топ наслови.
Корисниците можат да пребаруваат одредени специфични информации преку функцијата за вештини (Skills). На пример, во САД, Washington Post креира две опции ‘’вештини’’ наменети за тематиката зад летните олимписки игри, и една која беше фокусирана на политички новости. Со опцијата ”Flash Briefing”, корисниците добиваат најнови новости.
За сега Guardian не прави сопствени приказни за Echo, но корисниците можат да ја прашуваат Alexa за резиме на наслови на вести од различни области, со што автоматскиот глас Alexa ќе ја прочита целосната приказна, ќе направи преглед или ќе прочита мислење кое е побарано од страна на корисникот.
Guardian е еднен од неколкуте издавачи кои користат Echo, како нов начин да се дистрибуираат аудио содржини. BBC и други се веќе на Еcho, a Amazon им се додворува на издавачите да се приклучат. Amazon ја користи услугата Echo за Guardian, синџирот за храна Just Eat и Spotify како партнери за лансирање од Велика Британија.
Производот е достапен во САД од 2014 година, но беше широко достапни за купување дури во јуни 2015 година. Amazon се очекува да се продаде 3 милиони Echo уреди до април наредната година, според истражувањето направено од страна на Consumer Intelligence Research Partners..
Брендови како Johnnie Wakler и Patron веќе го користат овој сервис, но Гардијан е меѓу првите издавачи од Велика Британија кои се приклучуваат како клиенти на сервисот.
Овој сервис е одличен за користење затоа што обезбедува достапност на новостите со гласовна поддршка што воедно е и олеснување за родителите кои ги припремаат своите деца за училиште, готват вечера а обезбедува и одлично искуство и за лицата со оштетен вид.
Guardian јавно се изјасни за своите планови со овој сервис, но тоа не значи дека и другите издавачи не се заинтересирани за сервисот. Johnston Press кој исто така поседува и националнен весник исто така прави интерни тестови на Messenger bots и Alexa.
“Ние сеуште не сме блиску до почеток но сеуште размислуваме како да обезбедиме користење на гласовните команди да имаат влез до локални содржини и вести- изјави за Johnston Press директорот на дигитални производи- Jeff Moriarty.
Guardian лансираше Messenger bot разговор по неколку месеци на тестови. Тоа ќе обезбеди полесно новостите да се на дофат бидејќи учесниците веќе ја користат апликацијата на своите телефони.
За да се активира говорната опција Alexa на Guardian,корисниците мораат да набават Echo звучник, кој се продава за £ 149,99 ($ 195), иако помалата верзија Echo Dot е достапен за £ 49,99 ($ 65).