Американскиот дневен весник The Wall Street Journal отпочна нова кампања со која ги предизвикува читателите да ги надминат лесните одговори и сигурноста на ехо-коморите кои ја одразуваат нашата преоптоварена медиумска култура.
Кампањата „Read Yourself Better“ („Прочитајте се себеси подобро“) е создадена со помош на агенцијата The&Partnership, а централниот спот е режиран од страна на Хуан Кабрал.
Пораката која рекламата ја испраќа кон читателите е дека само со надчитување, односно надминување на разните мемиња, хаштази и алгоротимично-селектирани вести од нашите социјални мрежи можеме да почнеме да носиме подобри и поинформирани одлуки врз основа на факти, а не на емоции – The Wall Street Journal е за оние кои сакаат да мислат со своја глава.