На почетокот на јули, Твитер го ограничи бројот на објави што непретплатените корисници на платформата можат да ги прегледуваат на дневна основа. Како причина за тоа, компанијата ги посочи потенцијалните манипулации со системот во генерирањето прегледи и интеракции, како и автоматизираното преземање податоци и содржини од другите корисници.
Кратко време по воведувањето на ваквото ограничување од страна на Твитер, конкурентот Мета ја лансираше сличната платформа Threads – собирајќи над100 милиони корисници за само пет дена. Многу луѓе тогаш помислија дека Threads ќе биде „старо-новиот“ Твитер, ослободен од бескрајните реформи на извршниот директор Илон Маск.
Но, како што се чинеше дека работите течат „подмачкано“, Threads сега го воведе истото ограничување за бројот на објави кои корисниците можат да ги прегледуваат, како и бројот на корисници кои можат да ги заследат, во текот на еден ден.
Директорот на сестринската платформа Инстаграм, Адам Мосери, во понеделникот појасни дека причина за воведувањето на ограничувањата биле спам-напади врз новата социјална мрежа.
Post by @mosseriView on Threads
Околу целата ситуација се огласи и извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, кој рече дека по раниот раст на апликацијата, таа сега ќе се фокусира на „основите“ и „задржувањето корисници“. Тој напиша дека ќе биде потребно време за да се стабилизира платформата, но допрва треба да се види дали тоа ќе значи и отстранување на наметнатите ограничувања.
Post by @mosseriView on Threads
Сопственикот на Твитер, Елон Маск, го искористи моментот за да го „пецне“ својот нов конкурент, коментирајќи дека нивниот потег „се чини угнетувачки“.
Seems oppressive
— Elon Musk (@elonmusk) July 17, 2023